Линкови за пристапност

Нови жртви во Ира - 2003-10-09


Возејќи „Олдсмобил седан“ полн со експлозив, напаѓачот ги одбил наредбите да запре пред главната порта на полициската станица во населбата Садр во багдад. Ирачката полиција потоа отворила оган кон возилото, детонирајќи го експлозивот.

Според американски и ирачки претставници, меѓу загинатите се ирачки полицајци, како и неколкумина цивили кои се наоѓале во близина.

На 65 километри североисточно од Багдад, пак, во гранатен напад врз армиски воен конвој во близина на градот Бакуба, загинал еден американски војник. Според информациите на американската армија, од 1-ви мај - наваму, од непријателски оган загинале деведесет и двајца американски војници.

Во одвоен инцидент, шпански водник од воздухопловна еденица бил убиен додека излегувал од својот дом. Г-динот Хозе Антонио Бернал работел во шпанската амбасада во Багдад. Шпанија има околу 1.300 војници во Ирак.

XS
SM
MD
LG