Линкови за пристапност

Доделена овогодинешната Нобелова награда за економија - 2003-10-08


Ова е четврта последователна година како наградата за економија им се доделува на академици кои работат на американски универзитети.

Г-динот Ингл е од факултет на Универзитетот во Њујорк, а Британецот Гренџер предава на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.

Обајцата се наградени за помошта во унапредувањето на анализите на некои економски индикатори, како што се економскиот раст, цените и кредитните стапки.

На г-динот Ингл му се оддава признание за пронаоѓањето на новиот статистички модел за одредување на променливоста на финансиските пазари со тек на времето. Кралската Шведска Академија за науки вели дека моделите на г-динот Ингл стануваат суштински алатки за истражувачите и финансиските аналитичари, кои ги употребуваат за одредување на цените и за проценување на вкупниот ризик.

Откритието на г-динот Ганџер е насочено кон друг аспект на економското движење со текот на времето, тнр. променливи податоци, како што се долготрајните ефекти од привремено пореметување во показателите на економскиот раст. Академијата вели дека г-динот Ганџер открил дека статистичките модели што се користат за одредување на непроменливи податоци, кои не растат со текот на времето, би можеле да ги спречат залажувачките резултатите кога се применуваат врз променливите параметри.

Објавувањето на добитниците на наградата за економија уследи неколку часа откако Шведската Академија ја додели овогодишната Нобелова награда за хемија на двајца Американци, Питер Ејгер и Родерик Меккинон за нивното откритие во однос на клеточните мембрани.

Овогодишната сезона на доделување на Нобеловите награди започна минатата недела, со наградата за литература, што ја доби јужноафриканскиот писател Џ.М. Коциа.

Во понеделникот, Американецот Пол Лотербур и Британецот Питер Менсфлид ја добија Нобеловата награда за медицина. Во вотрникот, наградата за физика отиде во рацете на тројца научници: Алексеј Абрикосов од Русија и САД, Русинот Виталиј Гинзбург и Британецот Антони Легет.

Добитникот на најпрестижната Нобелова награда за мир ќе биде објавена в петок во Норвешка.

XS
SM
MD
LG