Македонија
Јапонскиот цар Ахикито го прими македонскиот претседател Борис Трајковски во царската палата во Токио.
Обајцата лидери дискитирале за односите меѓу двете земји, а г-динот Трајковски го брифирал царот за актуелната политичка и безбедносна ситуација во Македонија. Македонскиот претседател го поканил императорот Ахикито да ја посети Македонија. Г-динот Трајковски оствари средба и со претседателот на Јапонската банка за меѓунаордна соработка и со поранешниот висок комесар на ОН за бегалци Садако Огата. Како што јавува Македонската Информативна Агенција на средбите било разговарано за бројни проекти во Македонија финансирани од Јапонија – главно во секторот за здравство. Вчера, Јапонија на Македонија и вети заем со ниска каматна стапка од 85 милиони долари за финансирање на изградбата на хидросистемот Злетовица.
Ирак
Околу две илјади шиитски Муслимани денеска пристигнаа до седиштето на коалицијата предводена од САД во Багдад со барање да биде ослободен свештеникот кој го притворија коалиционите сили.
Свештеникот Мојад ал-Казраџи бил уапсен вчера. Американските власти велат дека тој собирал оружје во џамијата и поттинувал насилство против коалиционите сили. Демонстрантите се собраа пред главниот штаб на коалицијата по неуспешните разговори меѓу американски претставници и групата свештенци. Во меѓувреме, членови на Иралкиот владејачки совет велат дека се надеваат оти ќе биде постигнат компромис во врска со контроверзната одлука на Турција да испрати трупи кои би се придружиле на коалицијата под раководство на САД.
САД - Ирак
Белата куќа започна кампања во одбрана на војната во Ирак предводена од САД и за да покаже дека е постигнат напредок за стабилизирање на земјата.
Високи функционери велат дека кампањата ќе започне денеска во Чикаго со говорот на советникот за национална бебзедност Кондолиза Рајс. Потоа ќе продолжи во наредните неколку дена со говори на претседателот Буш и потпретседателот Дик Чејни. Властите велат деја господинот Буш исто така планира овој месец да ги посвети своите редовни неделни обраќања преку радиото на Ирак. Последните испитувања на јавното мислење индицираат дека рејтингот на господинот Буш зз неговата работа е во опаѓање заради ситуацијата во Ирак.
Буш - Азија
Претседателот Буш се подготвува наредната недела да посети неколку азиско-пацифички земји.
Портпаролот на Белата куќа Скот Меклилан, денеска изјави дека г-динот Буш освен на Филипините и во Тајланд планира да патува и во Јапонија, Сингапур, Индонезија и Австралија. Тој че присуствува на Азиско-Пацифичкиот форум за економска соработка што ќе се започне во Банкок на 20-ти овој месец. На самитот се очекува да присуствуваат дваесет и еден шеф на држави или влади. Порпаролот Меклилан кажа и дека г-динот Буш со лидерите учеснички на самиот ќе разговара за важни билатерални, регионални и глабални прашања.
Блиски Исток
Израел испрати дополнителни трупи на Западниот брег и Појасот Газа и вели дека е можно да го активира и резервниот состав заради предупредувањата дека се планираат терористички напади.
Израел исто така го продолжи на неодредено време целосното затворање на окупираните територии, велејќи дека мора да ги заштити Израелците од палестински напади за време на претстојниот еврејски празник Сукот. Израелскиот заменик премиер Ехуд Олмерт ја отфрли понудата на палестинскиот премиер Ахмед Куреја за преговори за прекин на огнот. Господинот Олмерт кажа дека Израел единствено ќе разгледува примирје откако палестинската управа енергично дејствува против теророт. Господинот Куреја веќе кажа дека нема да преземе акција против милитантите.
Југоисточна Азија
Лидерите од Југоисточна Азија кои се состанаа во Индонезија потпишаа серија договори за соработка со цел да бидат намалени трговските бариери во регионот.
Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија се согласија со Кина, Јапонија, Јужна Кореја и со Индија и поставија рамки на преговорите за зони за слободна трговија што евентуално би довеле до голем заеднички пазар на Источна Азија. Договорите во Бали беа склучени кон крајот на годишниот состанок на АСЕАН. Претходно јапонскиот премиер Јунихиро Коизуми побара од земјите членки да извршат притисок за демократски реформи во Бурма. Тој не го спомена демократскиот лидер Он Сан Су Ки, која е затворена во Бурма. Но извори велат дека госпоиднот Коизуми вчера го покренал ова прашање пред бурманскиот премиер Кин Њант.
Нобелова награда
Тројца Американци и еден Британец се добитници на годинешните Нобелови награди за хемија и економија.
Шведската академија за наука во Стокхолм денеска соопшти дека Американецот Роберт Енгел и Британецот Клајв Гангер ја добиле годинешната Нобелова награда за економија. Претходно, Академијата објави дека Американците Питер Ангри и Родерик МеКинон се добитници на Нобеловата награда за хемија. Во петок во Норвешка, ќе биде објавен добитникот на најпрестжната Нобелова награда за мир