Линкови за пристапност

Калифорнија доби нов гувернер - 2003-10-08


Гувернерот Греј Дејвис вчеравечер го призна поразот на гласањето за негово отповикување, во салата полна со разочарани поддржувачи.

„Вечерва, народот одлучи дека е време некој друг да ја преземе функцијата и јас ја прифаќам нивната одлука. Јас пред неколку минути му се јавив на господинот Шварценегер да му честитам за изборот за гувернер“, изјави господинот Дејвис.

На другата страна од Лос Анѓелес, новиот гувернер им се заблагодари на поддржувачите и им се обрати на противниците.

„Сакам да им се обратам на сите, на млади и стари, богати и сиромашни, припадници на сите вери, независно на бојата на кожата и на националната припадност. Сакам да бидам гувернер на народот. Сакам да ги претставувам сите“, изјави Шварценегер.

Тој вети дека како гувернер ќе ги отстрани големите финансиски проблеми со кои се соочува најбогатата и најнасела американска федерална држава Калифорнија.

XS
SM
MD
LG