Линкови за пристапност

Терористите во Ира - 2003-10-07


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Спротивставувањето на Садам Хусеин беше суштински дел од глобалната војна против тероризмот. Режимот на Садам Хусеин употреби хемиско оружје против Иран и против ирачките Курди. Режимот на Садам Хусеин имаше врски со терористите. Сега кога режимот го нема, народот на Ирак може повторно да ја изгради својата земја.

Останува целосното воспоставување на безбедноста. Терористите ги напаѓаа коалиционите сили, персоналот на ОН и Ирачаните. Некои од нападите беа изведени од остатоци од режимот на Садам Хусеин. Администраторот на коалиционата привремена управа Пол Бремер вели дека некои напади се изведени од терористи однадвор кои се инфилтрирале во земјата.

„Терористите припаѓаат на две категории. Едната е Ансар ал Ислам, група ориентирана и поврзана со Ал Каида, која повторно се оформи и повторно влезе во земјата по војната и сега веројатно има неколку стотици членови во Ирак. Тоа е исклучително опасна терористичка група и станува збор за многу терористи. Второ, има и терористи од странство, кои во најголема мерка се инфилтрираат преку сириската граница“, вели г-динот Бремер.

Г-динот Бремер рече дека меѓу 248-те странски терористи фатени откако влегле во Ирак, се наоѓаат 19 припадници на Ал Каида. 123-ца од терористите се Сиријци. Останатите се од Иран и Јемен.

Самите Ирачани почнуваат да ја преземаат одговорноста за безбедноста во нивната земја. Ирачката полиција, граничарите и цивилниот одбранбен персонал работат заеднички со коалиционите сили. Новата Ирачка Армија се обучува. Регрутите во првиот баталјон се избираа внимателно за да се избегне во него да се најдат високорангирани припадници на партијата Баат или осомничени за вмешаност во злосторствата на режимот на Садам Хусеин. Регрутите исто така ја одразуваат религиозната и етничката разлноликост на Ирак. Шеесет проценти се Шиити, 25 проценти се Суни, 10 проценти се Ирачки Курди и пет проценти се припадници на други групи.

Терористите сакаат коалицијата да си замине од Ирак пред неговата демократизација. Но, вели претседателот Џорџ В. Буш „Тие грешат. Ирак сега е централен фронт во борбата против тероризмот. САД ќе ја завршат својата работа и ние ќе извојуваме суштинска победа“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG