Линкови за пристапност

Тројца добитници на Нобеловата награда за физика - 2003-10-07


Добитници на наградата се Алексеј Абрикосов, државјанин и на Русија и на САД, кој работи во Националната албораторија Аргон во американската држава Илиноис, потоа Виталиј Гинзбург, Русин кој порано раководел со Теоретската група на Институтот за физика Лебедев во Москва и Антони Легет, државјани на на Британија и САД, кој предава на Универзитетот во Илиноис во Шампањ-Урбана.

Шведската Академија ги издвои овие тројца заради унапредување на знаењата на две полиња на квантната физика: супреспроводливоста и суперфлуидноста.

Суперспроводливите материјали, според Академијата, се користат, на пример, во снимките со магнетна резонанца за медицински испитувања и во акцелераторите на честички во физиката. Знаењата за суперфлуидните течности, се вели во цитатот, може да ни дадат подлабок увид за начините на кои се однесува супстанцијата во најниската структурална состојба.

За 75-годишниот господин Абрикосов се наведува дека во 50-те години ја развил теоријата со која се објаснува како коегзистираат суперспроводливоста и магнетизмот. Неговата почетна точка била теоријата што претходно ја формулирал господинот Гинзбург, кој сега има 87 години.

Двете теории, вели Академијата, придонесоа за развој на материјали што може да се направат суперспроводливи на многу високи температури и во силни магнетни полиња.

За господинот Легет, кој има 65 години, Кралската шведска Академија за наука наведува дека ја формулирал теоријата со која се објаснува како течниот хелиум може да стане суперспроводлив.

Тројцата научници ќе ја поделат наградата во износ од 1,3 милиони долари.

Добитниците на Нобеловите награди за хемија и економија ќе бидат објавени утре во Шведска, а во петок во Осло ќе биде соопштено кој ќе ја добие престижната Нобелова награда за мир.

Минатата недела, јужноафриканскиот пистаел Џи-Ем Куици ја доби годинешната Нобелова награда за литература. Вчера пак, беше соопштено дека Пол Лутербур од САД и Питер Менсфилд од Британија ја добија нобеловата награда за медицина.

XS
SM
MD
LG