Портпаролот на Белата куќа кажа дека претседателот Буш му наредил на својот персонал целосно да соработува во истрагата на Одделот за правда.
Истражителите ќе се обидат да утврдат дали некој од Белата куќа го открил идентитетот на тајниот оперативец на ЦИА, која е омажена за познатиот критичар на администрацијата на Буш во врска со користењето на разузнавачките податоци за оправдување на војната во Ирак.
Поранешниот амбасадор Џозеф Вилсон ја обвини администрацијата дека го открила идентитетот на неговата сопруга како одмазда заради неговата критика на тврдењето во говорот на претседателот до нацијата , дека Ирак се обидел да купи ураниум во Африка.
Демократите, како сенаторот Чарлс Шумер од Њујорк, бараат истрагата да ја спроведе специјален истражител кој не е од Одделот за правда.
„Мислам дека никој не верува оти Одделот за правда тоа самиот ќе го стори, особено ако се однесува на оние на високи позиции“, истакна господинот Шумер.
Откривањето на таен оперативец е кршење на федералните закони и се казнува со затвор во траење до 10 години.