Линкови за пристапност

vesti 30 - 2003-09-30


Ирак

Ирачките претставници велат дека можно е да биде потребна најмалку уште една година за да се изготви нов Устав во земјата.

Членовите на ирчакиот управувачки совет денеска истакнаа дека нема да биде можно да се изготви Уставот за шест месеци бидејќи адвокатите, научните работници и верските лидери во земјата, не можат да постогнат согласност по фундаментални прашања, вклучувајќи ја улогата исламското право. Минатата недела, американскиот државен секретар Колин Пауел постави цел Уставот да се изготви за половина година, а потоа да уследат избори. Во меѓувреме во Багдад американски претставници велат дека го скратуваат ноќниот полициски час бидејќи безбедноста во градот е подобрена, а криминалот е намален.

Северна Кореја – Нуклеарна програма

САД, Јапонија и Јужна Кореја се согласија на соработка за враќање на Северна Кореја на преговарачката маса на разговори околу нејзината нуклеарна програма.

Високи претставници од овие три земји денеска го завршија вториот ден од разговорите што се одржуваат во Токио. Тие ја повторија определбата за решавање на нуклеарната криза преку дипломатија. Јужнокорејската новинска агенција Јонхап вели дека сојузниците разговарале за новиот предлог кој ќе му биде понуден на Северот за време на продолжувањето на мултилатералните разговори во Пекинг. Не е појаснето кога ќе се одржат овие разговори. Не е обајвена ниту содржината на новиот предлог но како што пренесува Јонхап, се верува дека предлогот се однесува на безбедносната загриженост на Северна Кореја.

Иран-Меѓународна агенција за атомска енергија

Раководителот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед Ел Барадеи вели дека неговите инспектори мора да имаат целосен и неограничен пристап до сите ирански локации, за да го верификуваат тврдењето на Техеран дека Иран не поседува тајна нукларна програма.

Г-динот Ел Барадеи ова денеска го изјави во Виена, додека инспекторите се подготвуваат да заминат за Иран. Меѓународната агенција за атомска енергија на оваа земаја и постави рок до 31-ви октомври за да докаже дека не се обидува да произведе нуклеарно оружје, како што се сомневаат САД. Вчера, иранскиот министер за надворешни работи, Камал Карази рече дека во принцип неговата влада не се противи на поостри инспекции на Агенцијата, но сепак кажа дека на Иран мора да му се дозволи да развива нуклеарна енергија за мирнодопски цели.

Израел – Палестинци

Советникот на ОН за човекови права вели дека меѓународната заедница треба да ја осуди израелката изградба на оградата на Западниот брег како нелегално присоединување на палестинска територија.

Џон Дугард, адвокат од Јужна Африка, кој ја советува Комисијата на ОН за човекови права, вели дека оваа бариера навлегува на палестинска територија и ги има сите знаци на постојана структура. Во извештајот што е објавен денеска, господинот Дугард вели Израел е загрижен за безбедноста, но дека тоа мора да се балансира со почитувањето на човековите права. Израел вели дека ѕидот е неопходен за да се заштитат Израелците од самоубиствени напади. Израелски претставник заклучоците на господинот Дугард ги нарече еднострани и многу политизирани.

Ер Франс

Ер Франс и холандската авиокомпанија Ка-Ел-Ем се здружија и ја формираа најголемата авиокомпанија во Европа, и трета по големина во светот.

Двете компании планираат да се соединат, но ќе ги задржат посебната националност и ознаките. Компаниите велат дека со задржување на националноста ќе се заштитат вредните права за слетување за што се преговарало меѓу двете авиокомпании и двете нивни држави. Овој договор ќе го испитаат претставници на САД и ЕУ, но двете компании очекуваат да го финализираат во наредните неколку недели. Името на новата комбинирана компанија ќе биде “Ер Франс – Ка-Ел-Ем“ и се очекува годишно да заработува над 22 милијарди долари со околу 2.400 летови дневно.

Лора Буш – Русија

Првата дама на САД, Лора Буш се наоѓа во Москва каде ќе учествува на фестивалот на книгата во организација на сопругата на рускиот претседател, Људмила Путин.

Г-ѓа Буш во Москва пристигна денеска од Париз каде го одбележа повторното пристапување на САД во УНЕСКО. Пред делегатите на вчерашната конференција таа истакна дека УНЕСКО може да помогне во постигнување на мир преку ширење на вредности кои можат да го поразат тероризмот и да водат кон побезбеден свет. Претходно, г-ѓа Буш на средбата со францускиот лидер Жак Ширак разговараше за прашања од областа на културата и образованието.

XS
SM
MD
LG