Ал-Џезира и Ал-Арабија велат дека гласот на лентата е на Ајман Ал-Завахри, висок помошник на Осама бин Ладен и втор по ранг во раководството на Ал-Каида.
Говорникот го обвинува пакистанскиот претседател Первез Мушараф за планови за испраќање трупи во Ирак и за помагање на САД во соборувањето на Талебан во Авганистан. Гласот на снимката ги повикува Пакистанците да го соборат господинот Мушараф и да го заменат со подобар бранител на Исламот и муслиманите.
Говорникот натаму вели дека борбата против тероризмот предводена од САД во суштина е христијанско-ционистичка кампања чија цел е да се справи со Исламот и муслиманите.
Се чини дека оваа аудио порака е направена неодамна, бидејќи говорникот се осврнува на настаните кој се случиле порано овој месец. Сепак, идентитетот на говорникот се уште не е верификуван. Аудио снимката беше емитувана вчера на Ал-Џезира и Ал-Арабија, телевизиските станици кои рутински ги емитуваат пораките кои наводно доаѓаат од Ал-Каида и од Осама бин Ладен.