Американски и европски научници открија остатоци од најраните досега познати рани современи Европејци. Черепот и коските од лицето се на неандерталци и нудат интересни податоци за човечката еволуција.
Во романските Карпати, група спортски истражувачи на пештери минатата година открија прастара човечка вилица и делови од череп. Хемиските анализи што ги направи антропологот Ерик Тринкаус од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, покажаа дека остатоците потекнуваат од пред 35.000 години.
„Според тоа, тие се остатоци од најстарото рано современо човечко суштетство во Европа. Тоа не се најстарите рани современи човечки суштетства воопшто, туку најстарите рани современи човечки суштетства во Европа“, вели г-динот Тринкаус.
Истражувачите нив ги класифицираат како современи, бидејќи најголем дел од остатоците од виличната коска и черепот се слични на остатоците од современи човечки суштетства пронајдени во Африка, на Блискиот исток и низ Европа. Тоа значи јасно исцртан подбрадок и мали очни вдлабнатини. Но, според коските може да се заклучи дека раните современи човечки суштетства не биле толку современи како што сме сега ние. Она што ги разликува нив од нас се некои црти кои потсетуваат на поанатомски примитивните народи. Г-динот Тринкаус и колегите од Романија, Португалија и Холандија нив ги опишуваат овие црти во списанието Proceedings на Американската национална Академија на науки.
На пример, вилицата и забите-очници или забите за џвакање се поголеми во однос на нашите. Г-динот Тринкаус вели дека ова ги поткрепува претходно познатите докази дека раните современите човечки суштества не се појавиле одеднаш и како такви не опстојале до денешен ден, туку напротив, значително еволуирале.
„Претходно имаше индиректни докази дека има мали промени во големината на човечкото лице и некои делови од анатомијата, посебно во Европа во изминативе 25.000 до 30.000 години. Овие докази ја поместуваат таа граница за 5.000 до 10.000 години“, додава тој.
Сето ова, на г-динот Тринкаус и на неговите колеги им сугерира дека раните современи Европејци анатомски наликувале на старите народи со кои ја делеле територијата, кои подоцна изумреле.
„Според времето и местото, тие исто така ја поткрепуваат веќе документираната идеја во сите молекуларни и фосилни докази, дека како што се ширеле раните современи човечки суштества, особено низ Источна Европа, тие се мешале со локалните групи архаични човечки суштества, во овој случај со неандерталците“ смета антропологот Тринкаус.
Меѓународен тим на експерти ја истражува романската пештера каде се пронајдени вилицата и коските, за да открие дали станува збор за примитивна гробница.