Линкови за пристапност

Македонскиот претседател во ОН: го најдовме излезот со Рамковниот договор - 2003-09-24


Потребно е разбирање и конкретна поддршка од светската заедница за трансформација на нашиот дел од континентот во пристојно место за живеење и не треба да се заостави повикот на прогресивните народи за заеднички напори за обезбедување на слободата, порача македонскиот претседател Борис Трајковски од говорницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„Соочени со предизвикот во 2001 година“, истакна македонскиот претседател, „ние го најдовме излезот со потпишувањето на Рамковен договор кој ги врати виталните демократски процеси во институциите и доведе до одново воспоставување и реафирмација на демократските процедури за решавање на различните внатрешните проблеми“. Тој изрази оптимизам и уверување дека по напорно извршената работа, како што рече, „стратешките прашања за нашата иднина се решени еднаш и засекогаш“.

„Со широк политички, социјален и интеретнички консензус, напредокот кон вистинска и автентична интеграција на сите етнички заедници во државната структура е значителен и има корени во нашиот модел на владеење традицијата на мултикултуралност и меѓуетничка коегзистенција“, истакна претседателот Трајковски.

Репубика Македонија со поттикнување на голем број иницијативи во однос на евроатлските интеграции, рече г-динот Трајковски, придонесува за создавање на што попозитивна слика за регионот и за подобрување на соработка меѓу државите.

„Напоредно со тоа додека се работи на исполнување на амбициозната реформска агенда, ние постигнавме внатрешен консензус за приоритетите на нашата надворешна политика и сфативме дека лошто наследство од нашето несреќно минато ќе биде оставено зад нас на поуспешен начин преку промовирање на нови сушествени врски меѓу народите што живеат во ЈИЕ“, кажа македонскиот претседател.

Г-динот Трајковски изрази длабока загриженост поради последното обновување на меѓуетничкото насилство на Косово кое, според него, само ги поткопува напорите на меѓународната заедница и населението на Косово за исполнувањето на поставените стандарди.

Тој ја истакна цврстата соработка на Македонија со администрацијата на ОН на Косово, преку мрежа на активности за олеснување на комуникациите и за либерализација на движењето на луѓето од обете страни на границата: „На Балканот, сведоци сме на соработка и меѓусебно почитување дури и меѓу довчерашните непријатели и спротивставени страни. Сведоци сме на на постепено, но сигурно помирување на нациите. Важните регионални иницијативи за слободна трговија, трговски олеснувања и изградба на инфаструктура ги поврзуваат луѓето на на продуктивен начин кој помага да станеме свесни за нашата заедничка иднина“.

„Ние веруваме дека величината на земјите не е е во големината на нивната армија и оружјето што ги поседуваат, туку според определбата на нивните народи за возвишените идеи на хуманоста и наследството од нашата цивилизација“, истакна претседателот Борис Трајковски во обраќањето на 58-то заседание на Генералното Собрание на ОН.

XS
SM
MD
LG