Линкови за пристапност

Македонскиот претседател Борис Трајковски попладнево ќе говори на 58-то Заседание на Генералното собрание на ОН - 2003-09-24


Претседателот Трајковски и министерката Митрева попладнево ќе имаат средба со генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, чија цел, според претставници од македонската делегација, е да се сврти вниманието кон Балканот каде што и натаму има потенцијално конфликтни ситуации. Г-диниот Трајковски и г-ѓа Митрева ќе имаат средба и со американскиот државен секретар Колин Пауел, во рамките на состанокот на претставниците на државите членки на анти-терористичката коалиција од Југоисточна Европа.

Одделно, шефот на македонската држава денеска ќе се сретне со португалскиот премиер Баросо, а министерката Митрева ќе има билатерални средби со министрите за надворешни работи на Швајцарија и на Србија и Црна Гора, Мишел Калми Реи и Горан Свилановиќ, а ќе учествува и на работната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Централно-европската иницијатива.

XS
SM
MD
LG