Линкови за пристапност

Средба Буш-Шредер - 2003-09-24


Претседателот Буш и германскиот канцелар Герхард Шредер велат дека ги надминале несогласувањата околу соборувањето на Садам Хусеин. Тоа беше прва официјална средба меѓу двата лидери откако Германија заедно со Франција минатата застанаа против барањето на претседателот Буш ОН да одобрат инвазија на Ирак.

Сега господинот Буш бара помош за повторна изградба на земјата и вели дека е време да се остават настрана минатите разидувања со господинот Шредер.

„Првата работа што му ја кажав беше - видете, имавме различни гледишта, сега тоа е надминато и ние ќе работиме заедно. И јас верувам дека кога Германија и Америка работат заедно, можеме да постигнеме многу позитивни нешта“, рече американскиот претседател.

Канцеларот Шредер се согласи дека несогласувањата во врска со Ирак останале зад нив бидејќи обете држави имаат силен интерес во стабилен и демократски Ирак.

Претседателот Буш бара мултинационални безбедносни сили на ОН во Ирак под американска контрола. Германскиот претседател Шредер го исклучи испраќањето на трупи во Ирак, но понуди да ги обучува ирачките полицајци и да ја одржи мировничката улога на Германија во Авганистан.

XS
SM
MD
LG