Линкови за пристапност

Во чест на неодамна починатиот нуклеарен физичар Едвард Телер - 2003-09-16


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Брилијантниот нуклеарен физичар, Едвард Телер, почина на 9 септември на 95-годишна возраст. Во изјавата на Белата куќа, претседателот Џорџ В. Буш го нарекува Телер „неуморен патриот, кој целиот живот го посветил на тоа Американците да бидат побезбедни“. На 23 јули годинава, претседателот Буш му додели на господинот Телер Претседателска медаља на слободата, за, цитираме, „извонредните залагања во науката и образованието и неговата непоколеблива посветеност на Америка“.

„Кога нацистите ја загрозија слободата,еден млад унгарски научник по име Едвард Телер ја напушти Европа и дојде во САД. Една деценија подоцна, германскиот Рајх веќе беше во војна против Америка и се обидуваше да дојде до најужасниот вид на оружје. Доктор Телер се вклучи во Проектот Менхетен и го примени својот дисциплиниран ум на најургентната задача со која Америка дотогаш се имаше соочено – да произведат атомска бомба пред Хитлер да го стори тоа. Доктор Телер придонесе за успехот на таквата мисија и ни помогна да се справиме со други големи предизвици за националната безбедност, во времето на Студената војна„, рече г-динот Буш.

Најголемиот предизвик во кој Едвард Телер им помогна на САД беше развојот на хидрогенската бомба. Се покажа дека не беше потребно САД да го употребат ова ужасно оружје – и Американците од се срце се надеваат дека никогаш нема да биде употребена. Но, без ефикасно нуклеарно одвраќање за време на Студената војна, Американците и останатите земји можеше да ја загубат слободата поради експанзионистичките сили на поранешниот Советски Сојуз.

Како што истакна претседателот Буш, „Едвард Телер подоцна ја пренасочи својата работа на големата научна и морална задача за изградба на одбрана од балистичките проектили“. Таа задача продолжува и во денешни дни, кога САД се обидуваат да развијат систем што ќе ги заштити Американците и останатите од можноста непринципиелните држави да лансираат еден или повеќе проектили наполнети со оружје за масовно уништување.

Поради долгите години брилијантни постигнувања и патриотска служба - кажа претседателот Буш, Америка му должи на доктор Едвард Телер. Неговиот забележителен придонес во безбедноста на нашата нација нема да биде заборавен.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG