Линкови за пристапност

Демократите во Сенатот во обид да се запре финансирањето на истражувањето на нов вид нуклеарно оружје - 2003-09-16


Сенаторите-демократи тврдат дека планот на владата на претседателот Буш - да се истражува и развива нов вид на нуклеарно оружје, само ќе ја забрза трката во вооружувањето и ќе ги зголеми шансите за нуклеарна војна.

Група демократски сенатори приложи амандман на енергетскиот буџет со што би се скратиле шесте милиони долари што претседателот Буш ги бара за истражување на нуклерно оружје со јачина помала од пет килотони - една третина од големината на бомбата што САД ја фрлија врз Хирошима.

Сенаторот Дајен Фаинстаин од федералната држава Калифорнија вели дека ваквото истражување испраќа погрешна порака, во време кога САД се обидуваат да ги убедат Иран и Северна Кореја да не развиваат нуклерно оружје.

„Со тоа, би го потикнале ширењето на нуклерното оружје - процес што сакаме да го спречиме“, вели таа.

Владата, пак тврди дека само е заинтересирана за истражување на оружјето, а не за негово ширење.

Републиканскиот сенатор Џон Кајл од државата Аризона смета дека истражувањето на нуклеарно оружје со мала јачина е битно орудие во војната против тероризмот.

„Амандманот би не спречил дури и да размислуваме за тоа, а мислам дека треба да размислуваме. Доколку помалите, попрецизни оружја би можеле да ја завршат истата работа, дали оние со добри намери, кои се против непотребни човечки жртви би биле заитересирани барем да размислат за оружје што би одвраќало од напад, но не би убило многу луѓе?“,истакнува сенаторот Кајл.

Се очекува Сенатот денеска да гласа по амандманот. Претходно оваа година, Сенатот, во кој мнозинство се републиканците, ја укина забраната стара една деценија за истражување и развој на нуклерно оружје со мала јачина, со што беа отфрлени претходните демократски приговори. Сепак, законодавците се согласија владата да добие одобрение од Конгресот пред евентуално да произведе такво оружје.

XS
SM
MD
LG