Линкови за пристапност

Односите САД-Русија - 2003-09-15


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Со крајот на Студената војна многу одамна, се зборува за движење кон мултиполарен свет. Но, како што вели секретарот Колин Пауел, земјите кои имаат исти вредности не треба да се најдат на различни полови, всушност, треба да работиме да ги надминеме разликите, а не да ги поларизираме.

„Напорно работиме да имаме најдобри односи со земјите, како големи така и мали, стари и нови. Но, битно е што се концентрираме на големите сили, особено на оние со кои сме имале различни и тешки односи во минатото“, вели тој.

Една таква земја е Русија. Американскиот однос со Русија драматично се промени во изминатаве 15 години. Во Москва, вели г-динот Пауел, имаме партнер определен во борбата против тероризмот и во справувањето со ширењето на оружјето за масовно уништување во светот.

Русија им се придружи на САД и на другите земји-членки на НАТО во размената на разузнавачки информации за тероризмот и справувањето со хуманитарните и мировните задачи. Државниот секретар Пауел вели дека ова би било апсолутно незамисливо само пред 15 или помалку од 15 години.

„Поблиску сме од кога и да е порано, со овој нов однос со Русија и со другите поранешни републики од Советскиот Сојуз, поблиску сме од кога и да е порано до Европа, цела, слободна и во мир, Европа во која дефинитивно е вклучена и Русија, Европа, која во овој век нема да се соочи со предизвиците со кои се соочуваше во изминатиот век“, порачува г-динот Пауел.

Денес, Русија се движи кон пазарна економија и создава демократски институции. Но, како што вели г-динот Пауел, САД и Русија не се согласни по сите прашања.

„Годинава, се надевавме дека Русија ќе и даде поголема поддршка на нашата политика спрема Ирак. Се уште се надеваме на дополнителна промена во рускиот однос спрема иранската нуклеарна програма. Имаме и различни ставови во однос на руската политика во Чеченија“, смета американскиот државен секретар.

Но, она што е битно, рече државниот секретар Пауел, е што САД и Русија, сега го имаат потребното ниво на доверба кое се бара за да се решат и најтешките прашања кои постојат меѓу нас. Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG