Линкови за пристапност

„Некогаш одамна во Мексико“ - 2003-09-15


Родригез за првпат го претстави ликот на револверашот во познатиот ниско-буџетен филм Ел Маријачи во 1992-та. По три години следеше негово продолжение под наслов Десперадо, а легендата порасна со најновиот филм "ONCE UPON A TIME IN MEXICO," или Некогаш одамна во Мексико.

Вестерните на Серџо Леоне од 60-те очигледно се стилистичка инспирација на новото остварување на Родригез, но приказната и хуморот се негови. Тој не само што е одговорен за сценариото и режијата, туку и за кинематографијата, за едитирањето и музиката.

„Филмов беше трет Маријачи кој важеше за мошне неформален. Всушност, имаше толку малку пари, што немав никаква екипа. Во третиот дел не сакав да се оддалечам од таа ситуација, така што помислив, доколку имаме помалку време и пари, на површина ќе избие креативноста. Во филмот се чувствува слобода и смисла за хумор. Мислам дека и сигнализира на публиката дека гледајќи го ќе си помине убаво“, вели режисерот на филмот.

Родригез вели дека неговата цел била повторно да ја долови забавната компонента на Ел Маријачи, кој го направил за само 7.000 долари, од кои поголем дел ги ставил на кредитни картички.

Сцената во најновото продолжение на Ел Маријачи е денешно Мексико. Во него игра и Џони Деп, како необичен таен агент кој во свои раце презема повеќе од потребното.

Антонио Бандерас ја има истата улога од филмот снимен пред десет години, Десперадо.

„Најтешкиот дел веројатно е физичкиот напор. Мора да признаам дека сум остарел од 1994-та. Коските повеќе болат кога на пример, треба да скокаш од прозорец“, истакнува тој.

Во „Некогаш одамна во Мексико“ можат да се чујат многу пукотници и да се видат многу мртви тела. Антоние Бандерас смета дека стилот на филмот порачува оти сето насилство не треба да значи и реалност.

„Мислам дека насилството во филмот е само кореографија. Опкружено е со многу смисла за хумор. Толку е нереално, што мислам дека луѓето нема да поверуваат дека откако ќе се пукне, некој да може да лета 20 метри наназад. Сето ова е само забавено движење, се работи за стил“, вели Бандерас. Во главните улоги во "ONCE UPON A TIME IN MEXICO" се и Ева Мендес, Вилијам Дафо, Мики Рурк, а од Десперадо се враќаат Селма Хаек, Дени Трехо и Чек Марин.

XS
SM
MD
LG