Линкови за пристапност

Израелски воздушен напад во Газа - 2003-09-10


Целта на денешното гранатирање бил лидерот на Хамас Махмуд Ал Захар. Уништена неговата куќа, а се верува и дека меѓу загинатите се неговиот син и телохранителот.

Израелската акција уследи по двата вчерашни самоубиствени напади. Првиот се случил во автобус во близина на Тел Авив, додека неколку часа подоцна, експлодирала бомба во преполно кафуле во западен Ерусалим.

Израел изведува серија напади, по неуспешниот обид викендов да го убие основачот и духовниот лидер на Хамас Шеик Ахмед Јасин. Хамас вети дека ќе се одмазди.

Заради најновите настани, израелскиот премиер Ариел Шарон ја прекина посетата на Индија еден ден порано. Тој во Њу Делхи изјави дека палестинските напади покажуваат оти кон тероризмот мора да се постапува со сите расположливи средства. Бројни израелски претставници бараат поостри мерки против палестинскиот претседател Јасер Арафат, меѓу кои и можното протерување во егзил.

Палестинското раководство го повика претседателот Буш да помогне во запирањето на крвопролевањето и да се спаси мировниот процес.

Во Вашингтон, Белата куќа вчерашните самоубиствени напади ги нарече ужасни, велејќи дека со нив се потврдува фактот оти борбата против тероризмот е клучна за мир во регинот.

XS
SM
MD
LG