Линкови за пристапност

В сабота, секретарот Пауел ќе разговара со колегите од останатите земји постојани членки на Советот за безбедност - 2003-09-09


Американскиот државен секретар Колин Пауел в сабота во Женева ќе се сретне со неговите колеги од другите четири земји - постојани членки на Советот за безбедност на ОН, на разговори за Ирак. Генералниот секретар на ОН Кофи Анан го свика овој состанок во обид за надминување на разликите околу американската предлог-резолуција до Советот за безбедност за проширување на улогата на ОН во ирачката мировна мисија.

Петте членки на Советот за безбедност со право на вето се поделени околу американската иницијатива, при што се дознава дека Франција ќе инсистира ОН да преземат водечка улога во обновата на Ирак и во формирањето на нова влада. По синоќешната средба со шпанскиот министер за надворешни работи Ана Паласио американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека иако ОН треба да одиграат важна улога, нема е возможно тие да ја заменат коалицијата под американско раководство.

„ОН треба да играат улога. Но дали тие треба единствено да играат улога, за сметка на она што коалиционата привремена управа го прави и треба да продолжи да го прави? Не, јас не би можел да се согласам со тоа, бидејќи мислам дека не се во позиција да го прават тоа“, рече г-динот Пауел.

Г-динот Пауел се согласи да учествува на состанокот оваа сабота во Женева по синоќешниот телефонски разговор со генералниот секретар на ОН Кофи Анан. На состанокот на таканаречните постојани петмина се очекува да стане збор и за блискоисточните мировни перспективи по оставката на палестинскиот премиер Махмуд Абас и најновите насилства.

XS
SM
MD
LG