Линкови за пристапност

САД ја поддржуваат слободната трговија - 2003-09-09


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

САД ја поддржуваат слободната трговија бидејќи, како што кажа претседателот Буш, „светот кој слободно тргува, ќе се развива во напредок и безбедни услови“.

„За земјите во развој, слободната трговија поврзана со економските реформи им помогна за извлекување на стотици милиони лица од сиромаштија. Растежот на економската слобода и сопственоста во земјите во развој создава традиција на слобода и притисок за демократија и политички реформи. Економската интеграција преку трговија, може исто така да поттикне политичка соработка преку промовирање на мир меѓу земјите. Со ширењето на слободната трговија ширум земјината топка, се шири и царството на човековата слобода“, рече претседателот Буш.

На 3-ти септември, претседателот Буш потпиша легислатива за имплементација на договорите за слободна трговија постигнати со Чиле и Сингапур. Претседателот Буш рече дека договорот за слободна трговија со Чиле претставува прва таква спогодба постигната меѓу САД и некоја држава од Јужна Америка.

„Со децении, Чиле ја докажуваше моќта на отворената трговија и политика. Чиле стана една од најсилните економии меѓу земјите во развој. Со воспоставувањето на слободна трговија со САД - најголемата економија во светот, Чиле ќе има можност уште повеќе да напредува, истовремено помагајќи за поголем напредок на целиот регион“,вели тој.

Договорот меѓу САД и Сингапур е прв таков договор постигнат меѓу САД и една азиско-пацифичка земја. Сингапур, рече претседателот Буш, веќе е дванаести најголем трговски партнер на САД.

„Договорот на американските извозници и обезбедувачи на услуги и инвеститори ќе им го зголеми пристапот до сингапурските динамични пазари. Договорот содржи современа заштита на трговијата вршена преку Интернет, како и заштита на интелектуалниот имот што ќе помогне во поттикнувањето на економскиот растеж и иновацијата во нашите технолошки сектори. Во нашиот договор со Сингапур е вклучена и ефикасна заштита на работниците и животната средина“, рече американскиот претседател.

Договорите со Чиле и Сингапур се првите чекори. Во тек се преговори и со други земји, како Австралија, Мароко, пет земји во Централана Америка, и со членовите на Јужноафриканскиот царински синдикат. Како што вели претседателот Буш: „Ширењето на слободната трговија ги рефлектира американските убедувања. Веруваме во достоинството на секое човечко битие“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG