Линкови за пристапност

Стејт Департмент: Поддршка за легитимната акција на македонската влада против вооружените групи - 2003-09-09


„Ние се залагаме за заштита на човечките животи и на имотот со употреба на минимум сила. Ќе продолжиме да работиме со владата и политичките партии на владеачката коалиција кон остварување на тие заложби“, вели Канцеларијата на портпаролот на Стејт Департмент во писмениот одговор на нашето прашање поставено на вчерашниот брифинг за новинарите во Вашингтон.

Стејт Департментот додава дека ситуацијата во моментот изгледа дека е нормализирана по неделната акција на македонските безбедносни сили, при што наведува непроверени извештаи за ограничен број на жртви на страна на вооружената група, и направена мала материјална штета.

XS
SM
MD
LG