Линкови за пристапност

Македонија ја прослави 12-та годишнина од независноста - 2003-09-09


Македонија вчера ја прослави 12 годишнината од спроведувањето на референдумот на кој повеќе од 92 проценти од граѓаните кои тогаш излегоа на гласање, ја искажаа својата волја за прогласување на независност на Македонија.

По овој повод претседателот на Собранието Никола Поповски приреди свечен приемза државниот врв, пратениците и дипломатскиот кор. „12 години самостојност и независност. Гледајќи наназад тие можеби не претставуваат некој голем временски период за да се донесуваат дефинитивни оценки. Но факт е дека и тогаш и се уште постојат скептици од надвор и од внатре кои се сомневаат во капацитетите на државата да се соочи со дневните предизвици и проблеми на своето постоење. Но ние сме тука, постоиме и ќе постоиме“, рече спикерот Поповски.

XS
SM
MD
LG