Линкови за пристапност

Медиуми за промовирање на тероризмот - 2003-09-04


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

На 26 август, телевизијата Ал Арабија со седиште во Дубаи емитуваше видеоснимка на маскирани вооружени лица кои им се закануваат на членовите на Ирачкиот владејачки совет и на сите Ирачани кои соработуваат со коалиционата управа. „Прво нив ќе ги убиеме, пред да ги убиеме Американците“, кажа еден од терористите. Портапролот на американскиот Стејт Департмент Филип Рикер го осуди објавувањето на снимката:

„Одлуката на Ал Арабија да ги емитува изјавите на тројцата маскирани теротисти ја сметаме за екстремно неодговорна... Се прашуваме зошто една организација која тврди дека е легитимна новинарска куќа им обезбедува ефикасен медиум на терористите да зборуваат за своите планови и тактики, да поттикнуваат убиства и да прават обиди за пореметување на желбите за мир на ирачкиот народ“.

Меѓународниот тероризам е важна задача и професионалните новинари во светот секојдневно го следат. Голем број беа убиени заради навремено известување за фактите и затоа што одбиле да бидат медиуми на терористичките групи. Собирањето информации или известувањето за активностите на терористите и за она што тие го кажуваат, не е исто што и да им се овозможни на терористите да упатуваат закани и да поттикнуваат убиства. Одговорните новинари ја занаат таа разлика. Но очигледно тоа не го знаат продуцентите од телевизијата Ал Арабија.

Портпаролот на Стејт Департментот Филип Рикер вели дека раководството на телевизијата Ал Арабија треба да презме чекори за да обезбеди дека на терористите нема да им се даде шанса сеење страв и насилство.

„На нашите мисии во земјите чиишто граѓани се сопственици или управуваат со Ал Арабија им даваме инструкции на највисоко ниво да го изразат нашиот револт во врска со конкретниот емитуван прилог. И очекуваме одговорните да преземат итни чекори за заштита од ваквиот вид на поттикнување на убиства и тероризам“.

Дваесет и петчлениот ирачки Управен совет е најрепрезентативното политичко тело во историјата на земјата. Тоа е ангажирано во процесот кој води до усвојување на устав и до одржување на национални избори во Ирак. Народот на Ирак треба слободно да се вклучи во демократскиот процес без страв од тероризам и насилство. Народот има право да очекува од новинарите одгвороно да известуваат за развојот на политичката ситуација во Ирак. Телевизијата Ал Арабија тоа право треба да го почитува.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG