Линкови за пристапност

Палестинскиот премиер Махмуд Абас побара од Парламентот или да го поддржи или да го разреши од функцијата - 2003-09-04


Премиерот Абас се заложи за обединета влада која ќе донесува едногласни одлуки. Тој предупреди дека без легитимна сила во рацете на една власт, нема да им напредок во имплементирањето на Мапата кон мирот.

Тој рече дека од законодавците зависи дали ќе ја обезбедат таа моќ и ресурсите потребни за неа. Г-динот Абас не побара гласање за доверба, но рече дека нема да се бори да остане на функцијата доколку нема поддршка од законодавците.

Политичката криза главно се должи на борбата за власт помеѓу премиерот Абас и претседателот на Палестинската управа, Јасер Арафат. Г-динот Абас истакна дека се работи за разлики по кои треба да се расправа.

Неговото обраќање пред Законодавниот совет беше со цел да ги оцени првите 100 дена минати на функцијата. Владиниот договор за прекин на огнот со вооружените палестински фракции, г-динот Абас го опиша како голем успех.

Тој го обвини Израел за неуспехот на примирјето и воопшто за немањето напредок во процесот кон мирот. Премирот Абас истакна дека попрво би го продолжил дијалогот со милитантните групи, отколку да ги разбива.

Но, Израел и САД бараат овие фракции да бидат разоружани и разбиени, а акцијата за разбивање на терористичките групи е наведена и во мировниот план Мапа кон мирот. Г-динот Абас не сакаше отворено да се конфронтира со милитантите, стравувајќи од граѓанска војна.

Во говорот, премиерот Абас повикува сите палестински фракции да го прекинат циклусот на насилство.

Премиерот рече и дека тој и натаму останува определен на одржување на односите со САД, но сепак го обвини Вашингтон дека не е доволно активен во вршењето притисок врз Израел да се воздржи од воени акции и да преземе чекови кон воспоставување мир во регионот.

XS
SM
MD
LG