Линкови за пристапност

Британскиот Кабинет најавува можност за испраќање дополнителни сили во Ирак - 2003-09-04


Членовите на британскиот кабинет индицираа дека повеќе трупи би можеле да бидат упатени во Ирак за да се справат со се поголемиот број напади на коалиционите сили.

Британскиот секретар за одбрана Џеф Хун нареди да се ревидира бројот на трупите во Ирак. Овој потег доаѓа по недели на засилена несигурност во земјата.

Британија во моментов има околу 11 илјади трупи во Ирак. Тие се стационирани во јужниот дел на земјата, пред се околу градот Басра. Од први мај наваму 11 британски војници загинаа, што е откако претседателот Буш објави дека најголемите борби се завршени.

Денешното соопштение на Џеф Хун доаѓа кусо време по објавувањето на извештајот во британскиот Дејли Телеграф каде секретарот за надворешни односи Џек Строу побара распоредување на нови пет илјади војници.

Написот е заснован на белешки направени од неодамнешниот состанок на господинот Строу и премиерот Тони Блер.

Весникот го цитира секретарот за надворешни работи како рекол дека поврзаните проблеми на безбедноста, инфраструктурата и политичкиот процес го намалувааат постигнатото усогласување на ирачкиот народ со коалиционото присуство и создава плодна почва за екстремисти и терористи.

Канцеларијата за надворешни работи не реагираше на информациите кои неовластено протекле во јавноста, но додава дека господинот Строу и премиерот разговарале за Ирак на редовни состаноци.

Разговорите за зголемување на бројот на британските трупи доаѓаат во време кога САД бараат од ОН проширена улога во Ирак. Во својата нацрт резолуција, Вашингтон бара мултинационалните трупи со авторизација на ОН да бидат под единствена команда на САД.

XS
SM
MD
LG