Линкови за пристапност

Експлозии во јужна Русија - 2003-09-03


Најмалку пет лица денеска се убиени, а повеќе од 20 други повредени кога две експлозивни направи експлодираа под еден воз во еден јужен руски град, во регинот Ставропол, во близина на растргнатата од војна муслиманска република Чеченија. Официјални претставници велат дека во возот имало повеќе од 50 патници кога две бомби експлодирале во регионот познат по термалните бањи и одмаралишта. Спасувачки екипи веднаш се упатиле на местото на настанот и помогнале да се евакуираат повредените.

Официјалните лица не излегоа веднаш со соопштение за поврзување на експлозијата со чеченските бунтовници, кои долго се бореа со руските трупи во Чеченија, која не е далеку од местото каде се случи експлозијата.

Експлозиите на возот може да биле темпирани да коинцидираат со средбата на претседателот Путин со гувернерите од целиот јужен регион.

Властите го засилија обезбедувањето низ земјата пред претседателските избори во Чеченија што треба да се случи на почетокот на следниот месец.

Бунтовниците ги отфрлаат изборите како обид на Москва да ја осигура контролата врз овој сепаратистички регион.

Но претседателот Владимир Путин вели дека изборите се чекор во демонстрирањето дека војната во чеченија е завршена.

И покрај масовното присуство на руски трупи во Чеченија, бунтовничките групи продолжуваат со поединечни напади на контролните точки и други цели.

XS
SM
MD
LG