Линкови за пристапност

Арафат: Мапата кон мирот е мртва - 2003-09-03


На интернет страницата на Си Ен Ен се цитира изјавата на господинот Арафат дека "Мапата кон мирот е мртва, но единствено заради израелската воена агресија".

Последниве недели, насилството се зголеми, по краткотрајното затишје што настапи со објавување на унилатерално примирје од страна на палестинските милитантни групи.

Кон средината на август, бомбаш-самоубиец на Хамас се разнесе себе си во автобус во Ерусалим убивајќи при тоа 21 лице. Оттогаш Израел изведе шест напади со проектили во Појасот Газа, чија цел беа лидерите на Хамас и други милитанти.

Господинот Арафат за Си Ен Ен кажа дека нема шанса за обновување на примирјето.

Забелешките на господинот Арафат беа објавени кусо време откако израелскиот министер за одбрана Шаул Мофаз преку армиското радио изјави дека Јасер Арафат мора да си оди и оти Израел би можел да го принуди да замине во егзил пред крајот на годината.

XS
SM
MD
LG