Линкови за пристапност

Напад со автомобил бомба во градот Наџаф - 2003-08-29


Во Ирак 75 лица загинале, а повеќе од десетина се повредени во напад со автомобил бомба во градот Наџаф. Меѓу загинатите се јавува дека е и водечкиот шиитски свештеник, ајатолахот Мохамед Бакер ал-Хаким. Во два одвоени напади биле убиен и еден американски војник, а петмина биле ранети.

Очевидци изјавија дека автомобилот бомба експлодирал по петочната молитва пред гробот на Али во Наџаф, што е едно од најсветите места на шиитскиот Ислам.

Оваа експлозија уследи по нападот врз висок свештеник во почетокот на неделава во градот каде што беа убиени тројца телохранители. За ова насилство се обвинуваат противничките групи на шиитското раководство.

Претставници на американската армија соопштија дека утрово бил убиен еден американски војник во напад со гранати со пропелери и лесно оружје, во близина на градот Бакуба, северно од Багдад. Други двајца војници биле повредени во Фалуџа, западно од главниот град, кога нивниот конвој бил погоден со граната со пропелер.

Во меѓувреме, коалиционите сили соопштија дека заплениле проектили земја-воздух, муниција за артилерија и гранати, во неколку акции во северен Ирак, при што биле уапсени 24 лица.

Коалиционите лидери велат дека работат на зајакнување на безбедноста во Ирак по терористичките напади врз седиштето на ОН и врз јорданската амбасада во Багдад.

XS
SM
MD
LG