Линкови за пристапност

Карла Дел Понте повеќе не е носител на функцијата обвинител во Трибуналот за воените злосторства во Руанда - 2003-08-28


Советот за безбедност на ОН денеска изгласа резолуција со која ја повлече Карла Дел Понте од функцијата обвинител во Трибуналот за воените злосторства во Руанда. Г-ѓа Дел Понте сепак останува на функцијата обвинител за меѓународниот суд за поранешна Југославија.

Поранешниот швајцарски државен обвинител, Карла Дел Понте, беше специјален обвинител за двата меѓународни суда 4 години.

Резолуцијата за одвојување на двете функции е донесена само неколку недели пред завршувањето на мандатот на Дел Понте.

Согласно со актот, г-гата Дел Понте повторно ќе биде назначена за главен обвинител во трибуналот за балканските воени злосторства, лоциран во Хаг, но повеќе нема да биде обвинител во судот за геноцидот во Руанда, кој се наоѓа во Аруша, Танзанија.

Одлуката на Советот за безбедност ја следи препораката на генералниот Секретар, Кофи Анан, дадена минатиот месец, кој смета дека одвојувањето на двете функции е во интерес на зголемување на ефективноста на обата суда.

Трибуналот за Руанда го истражува геноцидот од 1994 во кој беа масакрирани скоро 1 милион припадници на малцинското племе Тутси, од мнозинското пламе Хуту.

Г-ѓа Дел Понте вели дека владата во која доминираат Тутси, лобирала за нејзино менување од функцијата поради нејзината намера да истражува и во убиствата од армијата на Тутсите која оставила 30 илјади Хуту припадници мртви.

Двата суда се очекува да завршат со истрагите следната година. Генералниот секретар се уште го нема именувано новиот главен обвинител за судот за Руанда.

XS
SM
MD
LG