Линкови за пристапност

Се уште не е постигнат напредок на разговорите во Пекинг - 2003-08-28


Учесниците на преговорите за програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја го минаа вториот ден од преговорите дискутирајќи во помали групи. Известувачите велат дека досега, како што беше и очекувано, не е постигнат значаен напредок.

Северна Кореја, главната тема на разговорите, имаше средба со Јапонија, а предвидено е да се сретне и со Русија.

Во јапoнската изјава се вели дека Јапонија ги повторила своите барања Пјонгјанг да ја прекине нуклеарната програма и инсистирала на информации за киднапираните Јапoнци од страна на севернокорејски агенти во текот на Студената војна. Јапoнците бараат на потомците на киднапираните да им биде дозволено да се вратат во Јапонија.

Русија треба да има средба со американската делегација, а во официјална изјава е наведено дека се очекуваат и трилатерални разговори. САД имаше неформален состанок со Северна Кореја, но американски официјални лица изјавија дека нема да има други директни разговори со делегацијата од Северна Кореја.

Преговорите, кои треба да завршат во петок, продолжуваат понатаму без никакви знаци на напредок околу главното прашање, барањето на САД и останатите учесници, Северна Кореја да ја прекине својата програма за нуклеарно оружје.

Во разговорите учествува и земјата домаќин, Кина, покрај двете Кореји, САД, Јапонија и Русија.

XS
SM
MD
LG