Линкови за пристапност

Американците се оптимисти дека во следните шест месеци состојбата во бизнисот ќе се подобрува - 2003-08-27


Најновото истражување на јавното мислење во САД покажува дека Американците се уверени оти националната економија се враќа на добар колосек. Потрошувачите се оптимисти дека во следните шест месеци состојбата во бизнисот ќе се подобрува.

Потрошувачите во следните месеци очекуваат зајакнување на американскиот пазар на работни места, кој се смета за основа на националната економија. Конференцискиот борд, приватна група за истражувања во бизнисот што ја спроведе анкетата на 5.000 американски домаќинства, на ова гледа како на знак дека на повидок е крајот на тригодишната рецесија. Лин Франко е директор на истражувачкиот центар на Конференцискиот борд. „Опоравувањето и нестабилноста со кои се соочуваме во изминативе неколку месеци, често се знаци кои се појавуваат пред засилувањето на економијата„.

Конференцискиот Борд анкетата ја спровел меѓу Американци на различна возраст, различна финансиска состојба и од различни региони на земјата, во однос на традиционалните економски индикатори, како што се бизнисот и вработувањето. Во анкетата направена во август, индексот на потрошувачката доверба бележи скок на 94,4 проценти, во споредба со 86,3 проценти во јули и 96,4 проценти во јуни.

Г-ѓа Франко вели дека индексот на очекувањата е добар показател за растечкиот оптимизам кај потрошувачите.

„Тоа покажува дека потрошувачите чувствуваат оти економијата ќе се зајакне во следните неколку месеци. Ние ги имавме предвид актуелните услови и одговорите на прашањето за тоа како потрошувачите гледаат на тие услови во непосредна иднина. Зашто, потрошувачите вообичаено размислуваат на кратки патеки, а не долгорочно„.

Иако очекувањата на потрошувачите за следните шест месеци се поголеми во однос на минатиот месец, нивните проценки на моменталните биснис услови се различни. Процентот на оние кои сметаат дека сегашните услови за стопанисување се лоши, се зголеми на 30,9, во споредба со претходно регистрираните 30,2 проценти.

XS
SM
MD
LG