Линкови за пристапност

Во Пекинг започнаа разговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја - 2003-08-27


Дипломатите во Пекинг велат дека на првиот ден од разговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја, американските и севернокорејските претставници одржале билатерална расправа.

Јапонските и јужнокорејските официјални лица велат дека во рамки на мултилатералните разговори средбата меѓу делегатите од Северна Кореја и САД траела околу 30 минути. Сепак, не се дадени детали за што конкретно се расправало.

За многумина, оваа средба дошла како изненадување. Северна Кореја претходно бараше билатерални разговори со САД, но Вашингтон инсистираше на мултилатерални преговори.

На преговорите, што ќе траат до петок, учествуваат претставници од Кина, Јапонија, Северна Кореја, Русија, Јужна Кореја и САД. Иако, по првиот ден на средбите има многу малку информации, дипломатите велат дека атмосферата била опуштена.

Кинескиот заменик-министер за надворешни работи, Ванг Ли, разговорите ги нарекува свеж почеток.

Г-динот Ли вели дека разговорите се важен чекор кон решавање на нуклеарното прашање.

Ова се први дискусии од ваков вид во 10 месеци старата криза околу севернокорејската програма за нуклеарно оружје која прекршува неколку меѓународни договори.

XS
SM
MD
LG