Линкови за пристапност

Кина и нејзините обврски во однос на човековите права - 2003-08-26


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Кинеската Влада не ги исполнува своти обврски во однос на човековите права. Во разговорите со САД во декември мината година, кинеските претставници ветија напредок во однос на почитувањето на основните слободи. Како поткрепа на своите ветувања кинеската Влада рече дека ќе ги покани моноторијнг групите од ОН да ја посетатат земјата и да ја согледаат ситуацијата во однос на условите во кинеските затвори и можноста кинеските граѓани да ја практикуваат сопствената религија. Но, како што кажа портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Ричард Баучер, Кина се врати на старото однесување.

„Посетите на специјалните известувачи на ОН за тортура и верска толеранција, како и на Работната група за борба против самоволен притвор, никогаш не се остварија„, рече Баучер. „Американската Комисија за меѓународни верска слобода беше присилена да ја откаже посетата на Кина во август, бидејќи Кинезите инсистираа да не се посети Хонг Конг„, додаде тој.

Г-динот Баучер рече дека се случуваат и „голем број проблематични инциденти“ во самата Кина. „Егзекуцијата на Тибеќанец без судски процес, апсењето на голем број демократски активисти, острите казни за пишувачите на Интернет и работничките демонстранти и уште многу други работи се елементи на ова уназадување„.

САД посебно се загрижени за големиот број лица кои биле уапсени во Кина поради барањата за политичка реформа или за почитување на основните права. На американско-кинескиот дијалог за човекови права минатиот декември, американските претставници побараа од Кина да презентира информации за над 200 политички затвореници. Но досега, Кина понуди информации само за половината од нив.

Како што кажа американскиот помошник-државен секретар за демократија, човекови права и труд, Лорн Крејнер, „Кинезите не ја завршија добро задачата, и тоа е разочарувачки“. САД ќе продолжат со притисокот врз кинеската Влада да обезбеди поголеми слободи за народот. На крајот, како што кажа претседателот Џорџ В. Буш „Американците се уверени дека слободата е најдлабоката потреба и надеж на секое човечко срце“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG