Линкови за пристапност

Извештај за причините за уривањето на американскиот спејс-шатл Колумбија - 2003-08-26


Истрагата објави силен извештај за причините за уривањето на американскиот спејс-шатл Колумбија. Вселенската агенција НАСА се обвинува за преголема самоувереност и пракса штетна по безбедноста.

Во извештајот се повторуваат претходните откритија на истрагата дека несреќата на Колумбија се случила кога парче од цврстата изолациона пена го пробила левото крило на шаталот за време на полетувањето.

Но, поголемиот дел од конечниот извештај се однесува на организационите пропусти и ограничувања на буџетот, како причина за несреќата.

Таму стои дека НАСА создала култура на однесување што се покажала штетна по безбедноста, меѓу другото и заради потпирањето на минатите успеси, наместо да врши звучен нженеринг и тестирање.

Вселенската агенција, се вели понатаму во извештајот, поставила бариери за ефикасна комуникација околу критични безбедносни информации и го потиснала професионалното изразување на различни мислења.

Во извештајот се вклучени и препораки што панелот и претходно ги има изнесено, повикувајќи ја НАСА да обезбеди подобри слики на лансирањата и летовите, да најде начин за поправки кои би се извеле во орбитата и ги подобри инспекциите помеѓу мисиите.

НАСА вели дека ги следи предлозите и се надева дека ќе ги врати вселенските шатали во употреба до март или април наредната година.

XS
SM
MD
LG