Линкови за пристапност

Досегашната истрага индицира дека исламските милитанти се инволвирани во понеделничките напади во Бомбај - 2003-08-26


Индискиот заменик премиер вели дека прелиминарната истрага индицира дека исламските милитанти се инволвирани во понеделничките напади со автомобил-бомба во Бомбај и сугерираше дека група со седиште во пакистан можеби е одговорна за нападите. Најмалку 50 лица се убиени и 150 повредени во експлозиите.

При посетата на местото на нападите од понеделникот, заменик премиерот Лал Кришна Адвани пакистанската осуда на нападите ја нарече чиста формалност.

Тој не рече експлицитно дека Пакистан стои зад нападите, но го обвини Исламабад за водење терористичка војна против Индија како целина, а не само во спорниот регион на Кашмир.

Господинот Адвани вели дека има индиции оти две забранети исламски милитантни групи биле инволвирани во нападите, вклучувајќи ја групата Лашкар-е-Таиба чие седиште е во Пакистан. Втората група е индиска, со назив Студентско исламистичко движење на Индија.

Лашкар-е-Таиба е една од групите кои се борат против индиските сили во Кашмир. Индија често ја обвинува оваа група за нападите против нејзините војници и цивили.

Господинот Адвани кажа дека би можел да ја прифати осудата што пакистан ја искажа по понеделничките бомбашки напади само доколку биде проследена со предавање на одреден број осомничени кои се бараат во врска со друга серија бомбашки напади во Бомбај од 1993 година.

XS
SM
MD
LG