Линкови за пристапност

Уапсени 24 осомничени  членови на локална криминална банда во централен Ирак - 2003-08-26


Американските трупи уапсиле 24 осомничени членови на локална криминална банда во серија акции во централен Ирак. Ден порано, демонстранти во главниот град протестирале против недостатокот на обезбедување што е во надлежност на коалицијата под американско раководство.

Американските армиски претставници велат дека целта на акцијата во градот Калис, што е на сто километри северно од Багдад имала за цел да ја растури бандата која се обвинува за кривични дела кои се рангираат од вооружени напади, до тероризам и убиства.

Лидерот на бандата повеќе пати бил осуден на доживотен затвор, но бил ослободен минатиот октомври во општата амнестија од тогашниот претседател Садам Хусеин. Коалицијата вели дека бандата ја дестабилизирала областа со цел да продолжи со изведување на своите незаконски дејствија.

Акцијата уследи по вчерашните протести пред седиштето на коалицијата во кои учествуваа повеќе стотици демонстранти кои барале засилено обезбедување за што сега се надлежни коалиционите сили во Ирак.

XS
SM
MD
LG