Линкови за пристапност

Сампрас официјално се пензионира од професионалниот тенис - 2003-08-26


Пит Сампрас официјално се пензионира од професионалниот тенис. Американецот ја заврши својата кариера со прес-конференција во Флашинг Медоус во Њујорк, каде што ги извојува својата прва и последна победа на Гренд Слем.

„Тоа беше голем процес годинава. Знам сега дека процесот е завршен и дека 100 проценти сум во пензија„.

По рекордните 14 титули гренд слем и шест последователни години на врвот во 90-те , Пит Сампрас ја затвори книгата на неговата тениска кариера.

Неговата величествена победа во 2002-та на Американ опен против долгогодишниот противник, Андре Агаси, беше највисока точка во неговата кариера. Совршен крај за човекот кого го викаа совршениот Пит.

„Знам дека е време и задоволен сум и помирен со тоа. Време е тоа да се нарече кариера. Не можеше да се случи на подобро место од Њујорк каде започна кога имав 19 години. И последната година ја завршив тука„.

Збогувањето на стадионот Артур Еш беше во шоу-бизнис стил за играчот кој не беше познат според нападноста, Сампрас често го критикуваа дека не покажувал емоции на тениските терени. Неговиот интензитет, постојаност и неговиот опасен прв и втор сервис, создадоа аура на заплашување на противниците.

Поранешниот играч, Џег Грант, беше редовен тренинг партнер на Сампрас и минуваше часови со седумкратниот победник на Вимблдон и пет пати на американскиот шампионат.

Грант вели дека Сампрас сакал титули, а не рефлектори. „Тој не сакаше да се грижи за медиумите. Не сакаше да мисли на неговата слава. Не сакаше да биде голема ѕвезда и сиот тој гламур и богатство. Сакаше само да поставува рекорди и да освојува титули. Затоа беше малку здодевен бидејќи не му беше грижа за блицевите. Единствено сакаше да игра„.

Со последното поглавје во неговата кариера се засили дебатата дали Сампрас е најдобриот играч на сите времиња.

Новинарот Дејвид Лади вели: „Дали е најдобриот играч се уште се нагаѓа затоа што има само една мана во неговата кариера. Никогаш не победи на францускиот шампионат. Никогаш не победи на земјен терен. Дали е најдобриот, тоа е отворено прашање. Но сеедно, тој е еден од најдобрите на сите времиња„.

Сампрас признава дека тоа што не победил на францускиот шампионат за него е разочарување, но не и причина да продолжи да игра.

XS
SM
MD
LG