На разговорите кои ќе се одржат во наредните два дена во Москва и на кои ќе учествува американски дипломат за контрола на оружје, Џон Болтон, се очекува САД да ja повторат загриженоста во врска со намерите на Северна Кореа и Иран за нуклеарно наоружување.
За време на посетата на Москва, заменикот државен секретар Џон Болтон, се очекува да се сретне со министерот за атомска енергија на Русија, Александар Румујанцев и со заменикот министер за надворешни работи, кој е надлежен за прашањата за разоружување.
Американски официјални лица кажаа дека г-динот Болтон ќе разговара по прашањето за неширење на нуклеарното оружје. Сепак, се очекува загриженоста на САД околу нуклеарната програма на Северна Кореја да добие најголемо внимание.
Г-динот Болтон нема да се вклучи во разговорите кои во среда започнуваат во Пекинг, но затоа активно учествуваше во припремите за овие преговари при неговата посета на Москва, минатиот мај. За време на оваа посета на Москва, се очекува тој да ја повтори загриженоста на САД дека Иран можеби се обидува да развие тајна програма за нуклеарно оружје.
Техеран и Москва ги негираат обвинувањата, велејќи дека нивниот проект за нуклеарната централа во Бушер е креиран само за миротворни цели. Но Вашингтон не е уверен во ова и продолжува да врши притисок на Русија за да обезбеди поголеми безбедносни гаранции дека руската стручност и материјали нема да бидат искористени од Иран за прикривање нуклеарно оружје.
Изминатиот викенд, руската влада објави дека Москва конечно го потврдила нацрт протоколот со кој од Техеран се бара да го врати потрошеното нуклеарно гориво во Русија, каде тоа привремено ќе биде сместено до евентуалното повлекување од употреба.
Според владината изјава, нацрт протоколот мора да биде потпишан од Москва и Техеран. Но руската новинска агенција Итар-Тас известува дека двете страни ќе го потврдат датумот на потпишување дури кон средината на септември.
Претседателот Буш изјави дека официјалните лица во Вашингтон веруваат дека Иран има многу поголема програма за нуклеарно оружје отколку што претходно се мислело. Г-динот Буш Иран и Северна Кореја, заедно со поранешниот ирачки режим, ги означи како држави од оската на злото.