Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.
На 19 август, терористи во Багдад го насочија насилството против Обединетите Нации. Персонал на ОН и ирачки граѓани убиени од самоубиствени бомбаши, таму биле како работници во повторната изградба, како обезбедувачи на лекарска помош и како помагачи на распределувањето на храна.
Терористите покажаа дека се плашат од напредокот и дека го мразат мирот. Тие се непријатели на ирачкиот народ. Со тактиката и целите што ги избираат, овие убијци себе си уште еднаш се откриваат како непријатели на цивилизираниот свет.
Но, како што вели државниот секретар Колин Пауел, терористите нема да успеат. "ОН остануваат определени. Коалицијата останува определена и САД секако остануваат определени за присуство во Ирак и за обезбедување на реализација на ветувањето дадено на Ирак со отстранувањето на режимот на Хусеин, што треба да го почувствува секој ирачки граѓанин. "
Секој знак на прогрес во Iрак додава на очајот на терористите и на остатоците на бруталниот режим на Садам. САД, нивните пријатели и сојузници и ОН – ќе останат на курсот. Господинот Пауел вели дека поддршката за слободен Ирак расте.
"Сега има триесет држави кои придонеле со 22 илјади војници под контрола на коалицијата. Мора да постои компетентна контрола на голема воена организација. Тоа е она што го обезбедува коалицијата и тоа е она што го донесува американското раководство во коалицијата. Уште пет други држави се во постапка на донесување конечна одлука за испраќање трупи и ние разговараме со други четиринаесет. Тоа прави бројка од околу 45 или 50, што чини меѓународно присуство. "
Сите држави се соочени со предизвик и избор. "Со обидот да се спроведе хаос и страв, терористите ја тестираат нашата волја", кажа претседателот Џорџ В. Буш. "Ќе ја продолжиме оваа војна против теророт се додека убијците не се изведат пред правдата. И ние ќе победиме. "
Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса: Editorials, VOA Washington DC 20237 USA Можете да реагирате и на адреса: www.IBB.gov/editorials