Линкови за пристапност

Бомбашки напади во Бомбај - 2003-08-25


Најмалку 40 лица загинале, а 100 се повредени во двата бомбашки напади во индискиот град Бомбај. Никој не ја презеде одговорноста за нападите, но овој град беше цел на неколку напади последниве месеци, за кои полицијата ги обвинува исламските милитанти.

Силна експлозија го потресе трговскиот центар на градот во близина на споменикот “Порта на Индија“, што е познато туристичко место.

Другата експлозија се случила на преполнет пазар во јужен Бомбај. Полицијата вели дека во двата случаи се работело за автомобил-бомба.

На телевизиските снимки може да се видат ужасни слики, делови од облека натопени во крв на улиците. Автомобилите се уништени, а прозорците на околните згради се искршени.

Во последните осум месеци Бомбај беше погоден од серија бомбашки напади.

Полицијата за нападите ги обвинува исламските милитанти поврзани за групата Лашкар-и-Таиба со седиште во Пакистан. Лашкар-и-Таиба води сепаратистичка герилска кампања во спорната област Кашмир.

Пакистан ги осуди експлозиите и ги нарече терористички акти.

XS
SM
MD
LG