Линкови за пристапност

Соработка на меѓународната заедница во Авганистан - 2003-08-22


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Пред 54 години, во обид да се спречи ширењето на комунизмот во Европа, беше потпишан Северно-атлантскиот пакт, со кој беа поставени темелите на НАТО. Со распаѓањето на Советскиот сојуз и завршувањето на Студената војна, НАТО презеде нови акции за да одговори на новите предизвици.

За првпат, НАТО води мисии надвор од Европа. Неодамна, НАТО го презеде водството во безбедносните сили кои го имаат мандатот од ОН во главниот град на Авганистан и неговата околина.

Силите на НАТО ги предводи генерал потполковник Гец Глимерот од Германија, заедно со неговиот заменик генерал -мајорот Ендру Лесли од Канада. Силите се составени од војници од 15 земји членки на НАТО и од 14 држави - партнери на НАТО.

Авганистан беше првото големо борбено поле во глобалната војна против тероризмот. Ова е првата ситуација во која меѓународната заедница се обедини за да започне да ја поправа штетата што ја предизвикаа Талебанците и терористичката група Ал Каида и за искоренување на тероризмот. Сега, како што вели претседателот Џорџ В. Буш, „Авганистан повеќе не е рај за тероризмот, Талебанците се веќе минато, а авганистанскиот народ е слободен“:

Претседателот Буш деодава дека додека НАТО ја презема водечката улога во гарантирањето на безбедноста во Авганистан, САД помагаат во реконструкцијата и основањето на демократска влада. ВСпоред него, в Авганистан се забележува постојан успех: „Изградени се нови патишта и отворени се нови медицинските установи. Во Авганистан сега има многу нови училишта во кои за првпат учат многу девојчиња„.

Министерот за надворешни работи на Авганистан, Абдула Абдула му посака добредојде на НАТО во Авганистан. Тој смета дека оваа новина „ќе ги зајакне мирот, стабилноста и безбедноста“ во земјата. САД се придружуваат на НАТО, ОН и останатите коалициони партнери, во заедничката решеност да се постигне побезбедна, просперитетна и демократска иднина за авганистанскиот народ.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG