Линкови за пристапност

Филмот „13“ е сензацијата на филмскиот фестивал Санденс - 2003-08-22


Оскаровката Холи Хантер игра една од главните улоги во прекрасната реалистична и емотивна драма за адолесценцијата во современа Америка. Филм, чиј сценарист е од еден од актерите тинејџери во филмот, е сензацијата на овогодишниот филмски фестивал Санденс.

Тринаесетгодишната Трејси погледнува околу себе во својата соба и забележува само детски работи: кукли, ликови од цртаните филмови и училишни книги. На училиште таа ја запознава Еви, која иако е нејзина врсничка, е сето она што Трејси не е, а посакува да биде: самоуверена, убава и провокативна:

За кусо време од нивното другарување, Трејси ја доведува Трејси доживува трансформација, благодарение на облеката што таа и Еви ја крадат од модерните бутици, на боди пирсингот - без дозвола, нелегални дроги и зашеметувачкиот нов свет на нејзина популарност во училиште. Истовремено, со овој нов свет доаѓаат и лагите која таа и ги кажува на мајка и, Мелани, која пак, се бори да се справи со она во што се претвора нејзината ќерка-тинејџерка:

Ники Рид, сега 15- годишна девојка е автор на сценариото за филмот „13„, кога имала 13 години и ги минала истите промени, низ кои минува и Трејси во филмот: „Ликот на Трејси е делумно основан на мене, но не можам да речам дека сценариото и филмот се автобиографски, бидејќи тогаш сите ќе сметаат дека она што и се случува на Трејси во филмот, ми се има случено и мене, што не е вистина„.

На екранот, Рид ја глуми веќе созреаната и опасна Еви.

Еван Рејчел Вуд, во улогата на Трејси, брилијантно ја претставува комплексната транзиција од мало девојче во адолесцент: „Секој може да се идентификува со нешто од овој филм, бидејќи сите познаваат некого сличен на ликовите од филмот„. Според неа сите се соочиле со проблемот да се биде самосвесен и има некои работи со кои едноставно сите може да се поврзат.

Холи Хантер ја игра мајката Мелани, која се обидува да и биде пријателка на Трејси, за да заклучи дека на оваа тинејџерка и треба родител:

„Мислам дека таа е мајка која сака. Таа има свои недостатоци. Таа има многу недостатоци. Мислам дека сите ние сме способни за љубов....активно да љубиме, не само да бараме љубов, туку ние да љубиме. Сметам дека сите родители заклучуваат дека тоа е всушност најголемиот предизвик во нивниот живот. Истовремено никогаш нема условување. Мислам дека сите луѓе во мојот живот кои се воедно и родители имаат безусловна љубов за своите деца и мислам дека тоа го кажува и филмот„.

Филмот „13“ е режисерко деби на Кетрин Хардвик, за кој ја доби и наградата за режија на филмскиот фестивал Санденс. Сценариото, чиј коавтор е заедно со Ники Рид, воедно претставува и лично патување за Хардвик:

„Ја познавам Ники уште кога имаше 5 години. Многу сум блиска со нејзиното семејство и многу многу ја сакам уште од мала. Кога започна да минува низ оваа тешка фаза, сакав да и помогнам да започне да прави покреативни работи наместо деструктивните, кои дотогаш ги правеше. Јас ги видов сите промени кои одеднаш се случија кај неа, таа одеднаш стана опседната со тоа како изгледа и беше лута на нејзината мајка и на сите останати. Тоа беше и мојата причина да започнам да поминувам повеќе време со неа и да влезам во нејзиниот свет. Тогаш увидовме дека сите работи низ кои таа минуваше се многу поинтересни отколку било која наша идеја за филм. Во тој момент одлучивме да се обидеме: да направиме вистински филм за сите работи низ кои таа и нејзините другарки минаа„.

Во филмот „13„ играат и Џереми Систо и Дебора Кара Унгер. Филмот е сниман на локации во Лос Анѓелес.

XS
SM
MD
LG