Линкови за пристапност

Ескалацијата на насилствата во Газа - 2003-08-22


Десетици илјади огорчени Палестинци излегоа на улиците во Појасот Газа на погребот на еден од лидерите на Хамас кој вчера беше убиен во израелски ракетен напад.

Градот Газа беше преплавен од толпа луѓе, додека телото на Исмаил Абу Шанаб завиткано во зеленото знаме на Хамас, беше пренесувано низ тесните улици. Вооружени лица со автоматско оружје пукаа во воздух, додека разлутената толпа повикуваше на одмазда за неговата смрт.

Лидерот на Хамас, Абдел Азиз Рантиси, обраќајќи и се на толпата рече дека милитантите му се покоруваат на мачеништвото, па дури и ако Израел убие и други лидери Хамас, на нивно место ќе дојдат други.

Израелските трупи на две места го затворија главниот автопат низ појасот. Израел минатиот месец ги отстрани блокадите на патот, како дел од мерките за градење доверба, со цел постигнување напредок во мировниот процес.

Вчеравечер и утринава, Палестинците испукале рачно направени ракети и гранати врз еврејските населби во Појасот Газа и во јужниот дел на Израел, при е предизвикана мала штета, а некои од жителите се здобиле со незначителни повреди.

Во меѓувреме, синоќа израелските трупи со поддршка од тенкови, влегле во градот Џенин на Западниот брег, што претставува втор ваков упад во изминатите 24 часа. Утрово, во рација во Наблус израелските трупи уапсиле 15 Палестинци. Исто така, биле уништени и домовите на три лица во Наблус, Џенин и Тулкарем кои извршиле терористички напади.

Ескалацијата на насилствата уследи по самоубистевниот бомбашки напад во вторникот врз еден автобус, при што загинаа 20 лица. Одговорноста за нападот ја презедоа хамас и Исламски Џихад.

Американскиот државен секретар Колин Пауел го повика палестинскиот лидер Јасер Арафат да ги употреби безбендосните сили под негова контрола за да му помогнат на премиерот Махмуд Абас во распуштањето на милитантите групи.

Изминатава година, САД не соработуваа со г-динот Арафат, велејќи дека не е целосно чист во однос на тероризмот.

XS
SM
MD
LG