Линкови за пристапност

Нападот врз седиштето на ОН во Багдад покажа дека мора уште да се делува против терористите - 2003-08-21


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Изминаа само нешто повеќе од 100 дена откако беше означен крај на поголемите операции во Ирак, а ирачкиот народ беше ослободен од бруталниот режим на Садам Хусеин. Но, како што покажа нападот врз седиштето на ОН во Багдад на 19-ти август, мора уште да се дејствува против терористите.

Претседателот Џорџ Буш вели дека терористите го покажаа својот страв од напредок и својата омраза кон мирот. „Со нивните тактики и цели, овие убијци уште еднаш се покажаа како непријатели на цивилизираниот свет„. „Секој знак на напредок во Ирак само дополнително го поттикнува стравот кај терористите и кај остатоците од бруталниот режим на Садам„, додаде Буш.

Коалицијата под американско водство соработува со Ирачаните во подобрување на безбедноста во земјата. Регрутирани, обучени и опремени се нови припадници на ирачка армија и полиција. Оваа година беа обучени 1.200 Ирачани за потребите на новата армија, а за две години се очекува 40.000 да ја завршат обуката.

58 од 89 градови во Ирак воспоставија полициски сили. Беа вработени преку 30.000 Ирачани да патролираат по улиците во земјата.

Коалиционите власти, со информација добиена од ирачките граѓани, извршија операции што доведоа до смрт на синовите на Садам Хусеин, садистите Удај и Кусеи. Со нивната смрт, уште поголем број Ирачани се ослободија од стравот и доброволно ги нудат своите услуги и информации.

Во поголемиот дел од Ирак е мирно, а напредокот кон демократијата и слободата, што не биле почувствувани со децении, продолжува. Но, како што кажа претседателот Буш: Ирачкиот народ е пред предизвик и пред избор.

„Терористите сакаат да се вратат деновите на ќелиите за мачење и масовните гробници„, објаснува американскиот претседател. „Ирачаните кои сакаат мир и слобода мора да ги одбијат и да се борат против теророт„, продолжи тој. Тој рече дека САД и многу земји во светот ќе бидат тука, за да помогнат.

Слободен и мирен Ирак е битен дел од добивањето на војната против тероризмот. САД се решени да останат на тој курс.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG