Линкови за пристапност

Оптимизам дека економијата во САД ќе забележи растеж во втората половина од годинава - 2003-08-21


Индексот на американската берза неделава се искачи на највисоко ниво во последниве 16 месеци, а кај инвеститорите се враќа довербата дека американската економија ќе јакне во иднина.

Берзата не е единствената на која и оди добро. Степенот на купопродажба на недвижнини минатиот месец се издигна на највисокото ниво во последниве 17 години. Мајк Донали од консултанската компанија Глобал Инсајтс од Филаделфија верува дека економијата бележи побрз растеж заради намалувањето на даноците и поголемата владина потрошувачка.

„Големи оптимисти сме дека економијата ќе забележи растеж во втората половина од годинава„. Донали објаснува дека предвидуваат економскиот растеж да биде 3,5 проценти до крајот на годинава. Сличен растеж предвидуваат и за наредната година, речиси четири проценти.

Последниве месеци, економскиот растеж беше нешто помалку од два процента, што сепак не беше доволно за да се создадат нови работни места. Откако заврши рецесијата во 2001-ва година, еден милион Американци останаа без работа, иако е вообичаено во првите две години од опоравувањето, економијата да создава работни места со забрзано темпо. Мајк Донали од Филаделфија е загрижен што до нови вработувања најверојатно нема да дојде се до 2004-та. Тој смета и дека:

„Повисоките каматни стапки се закана број еден која ќе го намали темпото на пазарот со недвижнини„. „И онака не многу стабилниот пазар со изградба на деловни недвижнини слабее и со тек на време ќе остане мошне слаб„, смета Донали. Сепак, според него и потрошувачката страна, која во јули била мошне силна, ќе се намали со покачувањето на каматните стапки.

Каматните стапки во САД се на најниско ниво во последните 40 години. Американската Централна банка ги намали краткорочните стапки 13 пати во изминативе две години за да ја поттикне економската активност. Од друга страна, долгорочните каматни стапки неодамна почнаа да се зголемуваат, по што дојде до затишје на пазарот со недвижнини.

XS
SM
MD
LG