Линкови за пристапност

Тероризмот нема да ја постигне својата цел во Ирак - 2003-08-20


Бомба поставена во камион ја разруши зградата каде се наоѓа седиштето на ОН во Багдад. Загинаа 20-тина лица, меѓу нив и специјалниот претставник на Генералниот Секретар на ОН за Ирак, Серџо Виера де Мело. Околу 100 лица се повредени. Персоналот на ОН што го нападнаа терористите, се наоѓа во Ирак за да му помогне на ирачкиот народ да изгради просперитетна и демократска земја. Претседателот Џорџ В. Буш рече дека токму тоа е она од што терористите најмногу се плашат.

„Вработените во ОН и ирачките граѓани кои беа убиени при експлозијата се наоѓаа во таа земја во исклучиво хуманитарна мисија„. Тој истакна дека мажите и жените кои беа мета на нападот работеле на реконструкција и медицинска грижа за Ирачаните. „Тие се наоѓаа таму за да помогнат во дистрибуцијата на храна... Преку својата тактика и своите цели, убијците уште еднаш покажаа дека се непријатели на цивилизираниот свет„, рече Буш.

Тероризмот нема да победи. Ирачкиот народ, со помош на САД и многу други држави, го гради своето демократско општество. Националниот управен совет, кој вклучува претставници на иачките шиитски, суни, курдски, туркменски и христијански заедници, е веќе основан и претставува значаен чекор кон самостојното владеење во Ирак. Локални управни совети се основани во Багдад, Наџаф, Ал Анбар, Басра и други градови.

Здравствената грижа и другите основни услуги што до пред некое време беа привилегија само на елитата од режимот на Хусеин и беа користени како политичка моќ, сега се дистрибуираат низ Ирак. Околу 30 илјади ирачки полицајци поминаа низ преобука за да започнат со патролирање по улиците во ирачките градови. Новата ирачка војска минува низ обука за да го брани, а не да го тероризира ирачкиот народ. За прв пат, постои слободното новинарство и луѓето се среќаваат и разменуваат мислења во јавноста без страв од репресија.

Ирачките проблеми, што се резултат на декади на политичко угнетување и лошо економско управување, се многу тешки, но ирачкиот народ сака да ги реши без насилство и репресија. Претседателот Буш вели дека терористите нема да се испречат на патот: „Секој знак на напредок во Ирак го зголемува очајот на терористите и на остатоците од бруталниот садамов режим„. „Цивилизираниот свет нема да биде заплашен и овие убијци нема да бидат оние кои ќе ја определат иднината на Ирак„, додаде Буш.

Иднината на Ирак ќе ја определат Ирачаните. САД, ОН и земјите од цивилизираниот свет ќе им помогнат во тоа.

XS
SM
MD
LG