Линкови за пристапност

Продолжува истрагата за експлозијата во седиштето на ОН во Багдад - 2003-08-20


Истражителите и спасувачките екипи и натаму пребаруваат по урнатините на седиштето на ОН во Багдад, каде во вчерашната експлозија на камион-бомба загинаа најмалку 17 лица, а над 100 се повредени.

Персоналот на Светската организација се уште е во шок од вчерашниот настан. Американски воени претставници велат дека нападот бил извршен со камион за мешање малтер во кој бил ставен експлозив, а кој бил детониран во моментот кога камионот се паркирал веднаш до хотелот Канал каде беше сместена мисијата на ОН.

Меѓу загинатите е и главниот претставник на ОН за Ирак, Серџо Виера де Мело, кој како и повеќето вработени, во моментот на екплозијата бил во својата канцеларија. Спасувачките екипи успеаја да го извлечат од урнатините, но тој подоцна им подлегна на повредите.

Портпаролот на ОН во Багдад изјави дека се уште се трага низ урнатините и дека се уште постои надеж оти ќе бидат пронајдени преживеани. Тој сепак додаде дека очекува бројот на жрвите да се зголеми.

ОН во Њујорк и светските лидери го осудија нападот нарекувајќи го терористички акт и ветувајќи дека одговорните ќе бидат изведени пред правдата.

XS
SM
MD
LG