Линкови за пристапност

Изјава на претседателот Буш по повод трагичната смрт на Серџо Виера де Мело - 2003-08-20


Претседателот Буш му оддаде почит на Серџо Виера де Мело, долгодишниот дипломат од ОН кој загина во вчерашната експлозија во седиштето на ОН во Багдад.

Претседателот кажа дека со длабока тага ја просладил веста дека г-динот Виера де Мело починал во терористички акт. Во писмената изјава, г-динот Буш му оддаде признание на главниот пратеник на ОН за Ирак, велејќи дека Де Мело го посветил својот живот на унапредување на човековите права, привремено напуштајќи ги обврските на функцијата висок комесар за човекови права при ОН, само за да одговори на итните хуманитарни потреби во Ирак како главен претставник на Генералниот Секретар на ОН во Багдад.

Г-динот Буш ги спомена и претходните ангажмани на Де Мело како претставник на меѓународната заедница во Источен Тимор и Косово. Претседателот кажа дека кога од Де Мело било побарано да појде во Ирак, тој тоа го сторил без никакво премислување.

55-годишниот бразилски дипломат беше испратен во Ирак во мај за да раководи со активностите на ОН во реконструкцијата на Ирак. Претседателот Буш изјави дека го испраќа своето сочуство не само до семејството на Де Мело, туки и до целиот народ на Бразил, додавајќи дека земјата загуби еден од своите најдобри луѓе на функции во служба на јавноста.

XS
SM
MD
LG