Линкови за пристапност

Алистер Кампбел, главниот советник на Тони Блер, се појави пред парламентарната истрага за убиството на Др.Кели - 2003-08-19


Главниот помошник на британскиот премиер Тони Блер денеска се појави пред парламентарната истрага за убиството на водечкиот британски експерт за оружје, др.Дејвид Кели. Испрашувањето на главниот советник, Алистер Кампбел покажа како во суштина оперирала владата на господинот Блер во клучните денови и недели пред објавувањето на документот минатиот септември. Во овој документ беа изнесени детали за наводниот обем на заканата од оружјето за масовно уништување на ирачкиот лидер Садам Хусеин.

Во сведочењето пред истрагата Хатон, шефот за комуникации на премиерот, Алистер Кампбел, инсистираше дека немал влијание врз вметнувањето на главното тврдење во документот дека Ирак може да започне напад со оружје за масовно уништување во рок од 45 минути.

Тоа е тврдењето што се покажува како проблематично за владата на господинот Блер додека тој се обидувал да и докаже на сомичавата држава и на Парламентот дека водењето војна во Ирак бил вистинскиот курс на дејствување.

На денешното сведочење, господинот Кемпебл повтори дека неговата прес служба воопшто не го пренагласила текстот на извештајот за да изнесе докази за војната.

Тој инсистираше дека шефовите на разузнавањето биле целосно одговорни за подготовката на извештајот.

Беше објавено дека Алистер Кампбел претседавал со состанокот со премиерот и шефовите на британското разузнавање, една недела пред тој прв пат да го види тврдењето за 45-те минути во нацрт-документот, како што вели тој. Инаку документот го составила Заедничка разузнавачка комисија.

Доказите на господинот Кампбел се сметаат за клучни во составувањето на сликата за настаните кои доведоа до наводното самоубиство на др.Кели минатиот месец во близина на неговиот дом.

Господинот Кампбел кажа дека премиерот Блер сакал јавноста да го сфати она што го опишувал како единствена закана од Ирак.

Но во и-меилот со датум една недела пред објавувањето на извештајот, шефот на кабинет на господинот Блер, напишал дека документот не покажува дека Садам има мотив да ги нападне своите соседи, покрај Западот.

Додека со истрагата се испитува внатрешното функционирање и размислување во владата во текот на ова клучно време, Тони Блер и натаму не е во Лондон, туку на одмор на Карибите, а неговиот рејтинг и натаму паѓа во истражувањата на јавното мислење.

XS
SM
MD
LG