Корисниците на компјутери кои нелегално разменуваат музички документи на интернет се под се поголем притисок да престанат со ваквата размена од страна на групи кои ја претставуваат американската музичка индустрија. Едни од претставниците се и адвокатите Меган Греј и Џејмс Делонг од Фондацијата за напредок и слобода.
Меган Греј е адвокат кој работи на првата државна тужба против водечкиот портал поради повреда на приватноста. Запрашана дали можеби музичката индустрија оди предалеку бидејќи би требала да започне процедури против 60 милиони луѓе кои разменуваат музика преку интернет, таа одговара:
„Музичката индустрија има сосема легитимна и оправдана цел во оваа ситуација. Разменувањето музички документи на интернет во ситуација кога учесниците во размената немаат авторизација за тоа е повреда на авторското право.„ Г-ѓа Греј смета дека токму поради ова сосема ги оправдува обидите на музичката индустрија за реализирање на авторското право и на интернет.
Џејмс Делонг е истражувач во Фондацијата за напредок и слобода. Тој смета дека музичката индустрија треба да овозможи музички документи да бидат легално достапни на интернет и токму во тоа го гледа клучот за решавање на проблемот. Според него, веќе постојат обиди, како новиот прогам Ај-Тјунс, кои се движат во таа насока. Делонг потсетува дека доколку не се заштитат авторите и тие не ја добијат заслужената паричен надомест, тогаш нема повеќе ни да креираат.
Г-гата Греј вели дека граѓаните немаат право на бесплатна музика. Единствен начин да се излезе од оваа ситуација таа гледа во обезбедувањето на поефтина музика на интернет, до која ќе може да се дојде многу едноставно. Греј додава, дека во целиот тој период ќе треба да се вложи многу во едукацијата на граѓаните дека со неавторизираната размена на музика на интернет, може да бидат соочени со тужба.
Г-ѓата Греј објсанува дека во моментот се составува првата тужба и дека се уште се обидуваат да ги откријат идентитетите на илјадници лица кои учествуваат во размената на музика од компјутер на компјутер. Сепак, адвокатите тврдат дека во наредните месеци бројот на тужби за размена на музика преку интернет постојано ќе расте.